Безбедност на интернет...

Internet Security

Безбедност на интернет

Концептот на приватност и безбедност е релативно јасен кога станува збор за не-дигитална околина. Секој е свесен за својата приватност и се обидува да ја заштити. Но, што се случува со нашата приватност кога сме на интернет?
Ситуацијата е малку поинаква во дигиталниот свет. Луѓето не се свесни кога се сами, а кога не додека се онлајн вклучени, па често не знаат дали се знае што правеле на интернет и кој може да дознае. Од друга страна, дигиталната безбедност е многу поширок концепт кој ја вклучува и приватноста. Поточно, дигитален систем кој не е безбеден не може да се смета за приватен, додека тоа што системот има обезбедено приватност не значи дека е целосно безбеден. Постојат голем број фактори кои влијаат на тоа дали системот ќе биде безбеден или не. Пред се, тоа се технички фактори, т.е. дали системот е технички безбеден или ранлив (компромитиран) и кое е нивото на безбедност што го обезбедуваат уредите и инсталираните софтвери.
Tука се и “не техничките“ фактори, односно одредени кориснички навики, кои исто така се многу важни. Општо правило е дека безбедноста не е вродена карактеристика на дигиталните системи и мора да се преземат одредени активности за системот да биде безбеден. Секој корисник во текот на своите онлајн активности остава одредени траги (сенка) која го следи додека се движи низ сајбер просторот. Со анализа на “сенката“ може да се добијат одредени информации кои се важни за напаѓачите кои имаат за цел да нападнат одреден систем. Предноста на дигиталното опкружување е што корисниците можат донекаде да го контролираат обликот на својата “сенка“ доколку се грижат за одредени работи.
Приватноста на Интернет е форма на лична приватност која се однесува на складирање, репродукција, споделување со трети лица и прикажување на информации кои припаѓаат на одредена личност преку Интернет.