ДигиЛаб - Битола

Здружение за дигитализација, сајбер писменост, слободен пристап до информации, знаење и технологии. Нашата крајна цел е да станеме дел од меѓународната мрежа на сродни здруженија и преку соработка, размена на искуства и знаење, активно да делуваме во регионот.

Настани

New Lecturer Meeting
16.10 2024

Дигитална писменост

Дигитални вештини...
...за дигиталниот свет!

Online Teaching
6.12 2024

Заштита на податоци

Чувајте ги Вашите податоци...
...за Ваша безбедност...

Higher Education
23.1 2025

Безбедност на Интернет

Дали имаме приватност во
дигиталниот свет?

Student Training
15.2 2025

Facebook

Сите сме дел од интернет...
... Безбедно на социјалните мрежи!

DigiLab

Граѓанска организација што се стреми кон подобрување на човековите права и слободи во online сферата, да ги промовира позитивните вредности на отворениот и децентрализиран интернет, слободниот пристап до информации, знаење и технологии.

Визија

Нашиот фокус е првенствено на теми како што се: слободата на изразување преку Интернет, приватноста на податоците, дигиталната писменост, безбедност, отворениот пристап до знаењето, дигитализацијата и развојот на дигиталните вештини.

Мисија

Нашата мисија е да ја прошириме свеста за важноста на дигиталниот простор, можностите што тој ги нуди и неговата улога во нашиот секојдневен живот од аспект на економскиот развој, заштитата на животната средина, културата, образованието, медицината, уметноста и останатите области.

Да допринесеме кон подигнување на нивото на Cyber писменост и обезбедиме услови за стекнување на свесност за предизвиците кои во сите области од општеството ги поставува современата дигитална ера.

Цели

Во рамките на нашите активности насочени кон општата популација нашата дигитална лабораторија посебно внимание ќе посвети на активностите со децата, младите, жените, возрасните и ранливите категории.

Тим од професионалци

Тимот на "ДигиЛаб" вклучува интелектуалци и професионалци од разни области: информатички технологии, инженерството, образование, медицина, лингвистика, психологија, право...

Галерија

Контакт

  • телефон
    +389 75 251 018
  • meil
    info@digilab.mk
  • адреса
    Климент Охридски бр.33, спрат 2, Битола