Комуникација на интернет...

Социјални мрежи

Социјални мрежи

Кои социјални мрежи ги знаете?

Најпопуларни социјални мрежи се Facebook, Twitter и Instagram - каде корисник може да постави своја слика, да објави приватни податоци, да опише свои интереси, да развива тематски дискусии и сл. Корисникот може во своја група да прими или да исклучи членови. Нa Fb може да се иницираат одредени политички, хуманитарни или други акции, да се организираат форуми и дебати - како огласна табла (message board) на која членови оставаат пораки.
За да се стане член на форум треба да имате mail адреса (заради идентификација) и да се најавите со корисничко име/лозинка. За да се заштити присуството на членовите на форумот (да не се злоупотреби) и да се почитуваат правилата на прифатливо однесување се грижат администраторите и модераторите. Тие можат да исклучат членови и да избришат неприлични содржини.

Правила за добро однесување во комуникација преку Интернет

Да допринесеме кон подигнување на нивото на Cyber („сајбер“) писменост и обезбедиме услови за стекнување на свесност за предизвиците кои во сите области од општеството ги поставува современата дигитална ера. Во електронската комуникација лицата кои комуницираат обично не се гледаат, само разменуваат пишувани пораки. Некои луѓе се однесуваат грубо и невоспитано, но треба да се знае дека секоја комуникација има свои правила кои треба да се почитуваат.
Членовите во групата (форумот) треба да се претстават (иако е дозволено да останат анонимни), да бидат љубезни, да почитуваат туѓо мислење и приватност. Треба да се знае дека напишаното останува трајно забележено! Правилата за добро однесување во комуникацијата на Интернет се нарекуваат Нет Етика или Нетика (Netiquette – скратено од Internet etiquette).

Заштитита на идентитет и приватност
Првиот чекор во заштитата на личните податоци е отворање на безбеден профил. Тоа значи внимателно избрани податоци и информации кои ќе се презентираат, лозинките не смее да ги знае НИКОЈ освен вас, игнорирајте непознати лица кои сакаат да остварат комуникација со вас, не прифаќајте состаноци со непознати, преку веб камера комуницирајте само со познати лица! Камерата треба да биде исклучена веднаш по престанок на комуникација.

Запомнете! На Интернет нема опцијата Undo – тоа што сте го направиле останува забележано. Ако имате ваши слики на некоја од социјалните мрежи, немате контрола кој и како сликата ќе ја користи.